facebook3Перо Шварц бр.2, Куманово; 031/411-893, 071/248-812


protetika


parodontologija


estetska medicina


konzervativa

Конзерватива

1412580044 ternopil karies

 

 

Насмевката е бесплатен начин за да го смените вашиот изглед

___________________________________________________________________________________________________________________

           Потребата од конзервативен стоматолошки зафат (пломби, вадење нерв) во стоматолочка ординација е предизвикано од различни фактори. Кариесот е еден од најчестите причинители. Неадекватен начин на одржување на хигиена на забите (миење на забите, употреба на забен конец, измивање со вода за испирање на усната шуплина) доаѓа до појава на забни наслаги. На нив се таложат бактерии кои го забрзуваат нивното созревање. Тоа што ние го гледаме како кариес е нуспродукт на делување на бактериите, киселината која ја разорува цврстата структура на забот (цаклин и дентин). Ако кариесот не се санира на време, тој може да го зафати и самиот срж на забот, забната пулпа (нерв), што ќе предизвика ендодонски третман на забот (вадење на нервот).

Стоматолошката пракса на Деби Дент во областа на конзервативна стоматологија користи најквалитетни материјали на познати произведувачи. Во изработка на естетски пломби, усмерени сме со исто внимание како према предните, така и на страничните заби. Најтрајно забно пополнување е керамичкото кое е многу отпорно, долготрајно, но и естетски најприфатливо бидејќи скоро и да е невидливо. Нашата вештина во изработка на пломби остварлива е благодарејќи на композитот од НАНО технологија. Естетските пломби ги изработуваме почитувајќи ги стандардите на морфологијата, а се со цел постигнување на природен изглед на забот.