facebook3Перо Шварц бр.2, Куманово; 031/411-893, 071/248-812


protetika


parodontologija


estetska medicina


konzervativa

Естетска стоматологија

teeth

 

Насмевката е една од првите работи кои луѓето ќе ја воочат кај вас. Убавата насмевка влијае на вашата самодоверба и отвореноста спрема другите

 

________________________________________________________________________________________________________________________________

 

            Естетската стоматологија многу често неправедно се третира како козметички зафат. Таа е многу повеќе, тврди д-р Биљана Трајковска Денковска. Естетската стоматологија е уметност, каде конечната цел е хармонија на забите и усната шуплина, а како би се постигнало тоа на совршено медицинско ниво, стоматолозите мора често да се усовршуваат. Така во реномираната стоматолошка ординација Деби Дент од Куманово, чиј сопственик е д-р Биљана Трајковска Денковска, достапен е широк спектар на естетски зафати, белење заби, фасети, безметална керамика, smille makeover, забен накит и др.


 

Белење на заби

 

belenje na zabi2

Кафе, црвено вино, цигари, лекови и други производи оставаат траги на вашите забиПромена во боја на забите, т.е. губење на белина на забите потполно е природна работа, но естетски е неприфатлива. Забниот емајл (глеѓ), како надворешен заштитен слој, одговорен е за нивниот сјај. Со тек на времето емајлот станува се потенок и доаѓа до израз бојата на дентинот (внатрешниот дел на забот). Благодарејќи на напредната технологија во стоматологијата, стручниот кадар во стоматолопшката ординација Деби Дент, во многу краток рок и безболно, ќе го врати белиот сјај на вашите заби. Избелувањето може да биде на витални и авитални, на еден или збир на заби.


   

Фасети

 

faseti

Поставување на порцелански или керамички фасети е еден од најчестите начини на подобрување на насмевката во современата естетска стоматологија.Тоа се тенки, проѕирни лушпи кои се лепат на предната страна на забот. Може да им се менува обликот, големината, положбата и бојата на природните заби, исправање на ортодонтски неправилности или да се заменат старите, неестетски композитни пломби. Тешко можеме да се насмееме слободно, дури и ако тоа го сакаме, доколку забите ни се неправилни, пукнати или дисколорирани (различни по боја). Ако тоа е вашиот проблем, керамичките фасети (односно ламинати, анг. veneers) можат да бидат одлично решение за вашите заби. Да бидеме појасни, ниту еден облик на терапија на естетска стоматологија не може да ја замени оралната и парадонтална хигиена. Керамичките фасети поставени на вашите природни заби можат едноставно да ја поправат и разубават вашата насмевка и вашата самодоверба. Фасетите се естетски надоместоци кои се користат за намалување на растојанието помеѓу забите, санација на обоените заби, испукан емајл и кариес. 


  

Забен накит

 

cirkon

Доколку сакате својата насмевка да ја направите уште посјајна и поатрактивна, можете на забот да ставите забен накит. Ставање накит на заб е чисто козметички зафат и сопствена одлука на секој пациент. Зависно од желбите, на заб може да се стави драг камен или циркон. Цирконите постојат во разни бои и можат да се постават на било кој заб. Ставањето на забен накит не е воопшто штетно по здравје затоа што тоа е накит направен специјално за таа намена, материјалот кој се користи за негово поставување инаку се користи во стоматологијата, а самата постапка на ставањето на забот е неинвазивен затоа што забот не се струга и не доаѓа до оштетување на забниот емајл. Хигиената на усната шуплина се одржува со четка за заби и забна паста на ист начин и пред да се постави забниот накит.


   

Smille Makeover


Smile MakeoverМногу пациенти се незадоволни од естетскиот изглед на своите заби. Smille Makeover е услуга кај која што со примена на различни методи и материјали можна потполна преобразба на насмевката. Најчесто се работи за предните 6 заби на горната вилица кои највеќе влијаат на естетиката на насмевката. Понекогаш се работи за заби кои се здрави или со минимални кариеси, но поради својот облик, боја, положба не ги исполнуваат високите критериуми кои денеска ги имаат се повеќе од пациентите. Во таквите случаи се пристапува со козметички зафат на предните заби.

Можностите на естетската стоматологија се големи, но желбите на пациентот мора да бидат во размуни рамки. Со примена на различни методи и материјали, во стоматолошката ординација Деби Дент, можна е потполна преобразба на вашата насмевка. Пред почетокот на зафатот треба да се дефинира неговиот опсег, а притоа најважно е да сите постапки бидат во складот со правилата на струката.