Ендодонција е дел од стоматологија кој подразбира лечење на забниот канал, вадење на нерв или во екстремни случаи вадење на дел од корен од болниот заб
___________________________________________________________________________________________________________________
Ендодонција претставува третирање на таканаречената забна пулпа која се наоѓа во самиот забен канал, додека пак каналот се наоѓа во секој корен од забот.
Самата забна пулпа е сноп од нервни влакна и крвни жили. Поради продирањето на кариесот во забното ткиво и ненавремена посета на стоматолог доаѓа до инфекција на пулпата со бактерии кои предизвикуваат кариес.
Терапијата на каналот е најчеста постапка со која се бави ендодонцијата. Лечење на воспаление на забот претставува отклонување на забниот нерв и темелно чистење на комплетниот коренски канал. После дезинфекција на каналот, се врши негово дефинитивно полнење како би се спречило продирање на бактериите во внатрешноста на каналот. Целокупното лечење е безболно и се изведува со локална анестезија.
По успешна ендодонска терапија има можност за метална надоградба или надоградба со фибер глас колче. Предноста на ставање на колче во корен од излечениот заб е натамошна надоградба со композит или керамичка коронка.
Во стоматолошката ординација Деби Дент користиме најсовремени и најквалитетни материјали и благодарејќи на нив и нашата стручност забот останува во усната шуплина и ја обавува функцијата како здрав заб.