facebook3Перо Шварц бр.2, Куманово; 031/411-893, 071/248-812


protetika


parodontologija


estetska medicina


konzervativa

Пародонтологија

teeth

 

Пародонтологија е една од специјалистичките гранки на стоматологијата која се бави со лечење на меките и тврдите пародонтни ткива кои ги обвиваат забите и им овозможуваат стабилност во усната шуплина

___________________________________________________________________________________________________________________

 

            Пародонтологија е една од специјалистичките гранки на стоматологијата која се бави со лечење на меките (пародонтен лигамент и гингиви) и тврди (забен цемент и алвеоларна коска) пародонтни ткива кои ги обвиваат забите и им овозможуваат стабилност во усната шуплина.

Пародонтната болест позната е уште и по називот пародонтопатија и пародонтоза, опфаќа различни групи на гингивитис и пародонтитис. Развојот на оваа болест започнува со насобирање на бактерии и наслаги кои произлегуваат од лоша орална хигиена или честа акутна и хронична инфекција на пародонтните ткива. Последица на нелечено воспаление на површинските ткива (гингивитис) е нејзино ширење на длабочинските ткива (пародонтитис). Дополнителни фактори кои ја влошуваат оваа болест се: пушењето, нелечен дијабетис, стрес, бременост или може да биде наследно. Првите знаци на оваа болест се појавуваат кога еден или повеќе делови (пародонта) не ја исполнуваат својата функција.

Болеста се препознава со појава на црвенило и крварење на гингивата, лошиот здив,  зголемена осетливост на забот и гингивата кои се менифестираат преку четкање или џвакање на тврда храна. Кога болеста не се лечи од самиот почеток следи интензивирање на воспалението, уништување на пародонтот кој ги поврзува забните корени со коската, губиток на коската со настанување на џебовите, повлекување на гингивата со појава на рецесија и на крај загуба на забот како последица на неговата подвижност

Терапија на почетното воспаление се прави со киретажа на џебовите со која се елиминираат наслагите и воспалената содржина и секојднева добра орална хигиена.

Во стоматолошката ординација Деби Дент ги вршиме следните методи на терапија: отстранување на денталната наслага, отстранување на забниот камен, длабинска киретажа на џебовите, апликација на лек во пародонтален џеб и негово испирање.

Забниот камен се третира со ултразвучен апарат кој со својата вибрација безболно и брзо го отстранува, а времетраењето на постапката зависи од количината на наслагите. После негово отстранување, забите се полираат со посебен апарат кој под притисок на воздух и студена вода вбризгуваат ситни честици од прав на површина на забот со што детално ги чисти забите од заостанатите наслаги и пигментации. Со нанесување на специјална паста која дополнително ги дава сјај на забите, тие стануваат глатки и на таква површина потешко се собираат наслаги од забен камен.