Насмевката не чини ништо, а дава многу. Таа ги збогатува тие што ја примаат, а не ги осиромашува оние што ја даваат. Смејте се бидејќи животот е убав
___________________________________________________________________________________________________________________
Белење на забите е потполно безбедна процедура на естетска стоматологија. Бели и блескави заби го разубавуваат и подмладуваат секое лице и несомнено станаа императив на современото општество. Задоволните пациенти кои без никакви непријатности поминуваат низ оваа процедура, а од неа добиле поубави, побели и посјајни заби, се причина зошто белењето на забите стана една од интервенциите кои тимот на ординацијата Деби Дент ги препорачува.
Белењето на забите може да биде во нашата ординациија или во домашни услови.
Белењето во ординацијата Деби Дент се изведува во амбулантни услови со примена на ласер. Предност на оваа процедура е тоа што белењето се завршува во една посета и под контрола на стручно лице. Техниката за белење на заби со ласер може да се применува исклучиво на природни заби, кои немаат навлаки и големи композитни пломби. Во тек на третманот, на забите се става гел врз кои се усмерува ласерот, како забите би го апсорбирале гелот. Во рамки на една сеанса во должина околу 45 минути, се постигнува избелување за 1-2 нијанси без штетни ефекти на структура на забите.
Белењето во домашни услови го подразбира следново: во ординација се зeмa отпечаток од забите на пациентот кој се користи за изработка на сплинт (фолија) и се предава на пациентот заедно со избелувачот. Пациентот, со претходно објаснет принцип на употреба во ординацијата, преку ноќ, додека спие, го носи сплинтот исполнет со избелувачот. Веќе после 2-3 ноќи забите се значајно избелени.
Друг начин за добивање на бели заби е со вградување на безметални коронки и фасети. После стругање и земање на отпечаток, во лабораториски услови, се прави протетска структура со инзвонреден квалитет и изглед. Овој третман трае некаде околу 7 дена. Предност на безметалните коронки е во тоа што бојата на овие коронки може да биде слична или идентична со бојата на останатите заби. За разлика од нив, бојата на обичните коронки со метална база не може да се усогласи со бојата на останатие заби.
Керамичките фасети се естетски решенија за предните заби кога сакаме да ја смениме бојата, обликот или некој друг неостаток. Уште во далечната 1937 година на холивудските ѕвезди се вградувани првите фасети. Денешните фасети се поубави и потрајни од првите обиди, но останат е синонимот Холивудска насмевка како цел на естетска стоматологија.