Како треба да ги негуваме нашите заби?
Забите треба секојдневно да се негуваат што подразбира миење со четка и паста за заби. Пастите теба да содржат флуор кој ги лечи почетните кариозни оштетувања. Четките за заби пожелно е да се менуваат на секои 3-4 месеци. Забите се мијат темелно, од секоја страна, во правец на растењето на забот и тоа 2-3 минути. Најважно е миењето на заби навечер и тоа после завршување на последниот оброк. Миењето на забите треба да се прави по можност после секој оброк. Покрај миењето со четка и паста, постојат и конци за чистење на меѓузабниот простор и раствори за освежување и дезинфекција на усната шуплина.
Како да ги сочуваме детските заби?
Децата треба да ги навикнеме да водат грижа за своите заби. Миењето на забите треба да се воведе постепено, низ игра, но со контрола на родител. Децата сакаат слатки, особено бомбони. Тоа е нормално, но најважно е тоа да родителот води контрола колку често и кој тип на слатки конзимура детето. За забите се поповолни гумените бомбони или чоколада од карамела и лепливи бомбони. Секако, слатките треба да се даваат на децата после оброкот со што ќе следи миење на забите. Покрај тоа треба да се воведе и дополнителна заштита, користење на флуор таблети и воведување на намирници во исхраната на детето збогатено со калциум како што се млечните производи, зрнесто овошје (лешник, орев, бадем..) и т.н.
Дали треба да ги поправаме млечните заби?
Одговорот е веднаш ДА, но има случаи каде траумата на детето е поголема за да се поправи забот отоколку да се одржува затекнатата состојба и чекање изникнување на трајниот заб. Тоа треба да се препушти на стоматологот во договор со родителот.
Што да направам кога имам забоболка?
Кога ќе не заболи заб треба да се обратиме кај нашиот стоматолог. Со појава на првите промени на заб треба исто така да се обратиме кај стоматолог. Реакции на слатко, студено, топло или загриз се првите симптоми кои не водат кај стоматологот на контрола. Кариесот продира низ забот до забната комора во кој е сместен нервот. Болот е притисок на нервните завршетоци во коренот на забот. Со раното отклонување на кариесот и неквалитетните пломби, го спречуваме ширењето на кариесот до нервот.
Дали стругање на забот е болна постапка?
Денеска, со прав пристап на вашиот стоматолог спрема Вас и Вашиот проблем, како и со помош на примена на локална анестезија, ниту една стоматолошка интервенција не е болна и непријатна. СИТЕ пациенти може да примат анестезија доколку немаат алергиска реакција на анестетик вклучувајќи ги децата, бремени жени, стари лица, како и лица оптертетени со некоја болест но под дејство на терапија. Болот при ставањето на анестезијата може скоро целосно да се отклони доколку на слузокожата се стави локална анестезија во спреј.
Што е тоа композитна пломба?
Композитни или т.н. бели пломби се материјали кои денеска најчесто се користат во стоматологијата при лечење на кариозни заби. Сите трендови денеска диктираат убава, бела насмевка, а композитните пломби баш тоа ни го овозможуваат. По состав наликуваат на пластика, од производителот пристигнуваат во мека состојба, се полимеризираат со светлина и така стануваат тврди. Нијансите варираат од сосема светли и бели, до жолтеникави и темни како би се изедначиле со природната боја на забите.
Што е тоа забен камен и зошто треба да се отстрани?
Забниот камен настанува при стврднување на денталниот плак кој пак потекнува од остатоци од храна, минерали од плунката и др. Многу е важно забниот камен редовно да се отстранува и поради тоа се препорачува посета на стоматолог 2 пати во тек на годината. Доколку забниот камен не се отстранува редовно, тој вршти притисок на гингивата која почнува да крвари, постанува осетлива, отечена, и со тек на времето се повлекува како одбрамбен механизам. Како се повлекува гингивата, до тогаш покриените заби се оголуваат. Повлекувањето на гингивата и коската предизвикуваат расклатување на забите кои во последен стадиум на пародонтопатија почнуваат да опаѓаат.
Што се пародонтални џебови? Дали поради нив ми мириса здивот?
После насобирање на забниот камен и размножување на бактериите во наслагите доаѓа до повлекување на гингивата и коската. Пародонтални џебови претставуваат простор помеѓу коренот на забот и коската во кој се насобира храната. Доколку оралната хигиена е неадекватна, храната не се отстранува од нив, почнува да гние бидејќи ја разградуваат бактериите и може да биде причина за лош и непријатен здив. Миењето на забите само со четка не може да се отстранат сите наслаги кои се наоѓаат помеѓу забите. Неопходно е често миење на забите, но покрај четката да се користи и конец за чистење барем еднаш дневно. Ова помага во борба со бактериите. Проблемот со пародонталните џебови е тоа што кога тие ќе настанат можеме да говориме за иреверзибилна состојба на пародонтална болест која не може да се излечи, туку процес кој може со некои мерки да се успори или стопира.
Целиот заб ми се искрши, остана само коренот. Дали треба да се извади?
Заб кој е искршен кај круната, а има здрав корен (без процес), апсолутно треба да се сочува. Тоа можеме да го заклучиме само кога рентгенски го прегледаме забот. Добриот корен може успешно да се излечи и како таков, со помош на додаток (колче), може да послужи како темел за нова надоградба и нова керамичка или композитна коронка.
Имам лечен заб и почна да потемнува. Што сега?
Постои можност да лечен, т.е. мртов заб ја промени бојата. Доколку тој заб се наоѓа во предната регија или едноставно доста се гледа, наједноставно е на површина на тој заб да се стави фасета, но може и да се преслече со керамичка коронка. Во одредени случаи постои можност и со белењето да се постигнат посаканите резултати.
Мора да го извадам забот што ме боли. Дали тоа е комплицирана постапка?
Вадење на заб спаѓа во рутинска стоматолошка интервенција. По тежина може да биде комплицирано или лесно вадење. Постои едно непишано стоматолошко "правило" каде што ниту еден стоматолог не сака кога пациентот прашува колку време ќе трае вадењето. Најважно е да се опуштите и да знаете дека сте во сигурни раце. Се гледаме во стоматолошка ординација Деби Дент.
Изваден ми е заб, што сега? Да остане така или?
Една од функција на сочиваниот и целосен забен лак и контакт со забите од спротивната вилица е тоа да забите си ја задржат својата положба во алвеоларната коска. Доколку некој заб биде екстрахиран (изваден), после одредено време, забите кои биле покрај него почнуваат да "патуваат" према празниот простор. Уште еден проблем настанува кога антагонистички заб од спротивната вилица почнува да "испливува" од своето лежиште, т.е. да го пополнува празниот простор. Би било идеално доколку изгубениот заб, или празниот простор се пополни со МОСТ како би се зацврснале соседните заби во своите лежишта, т.е. како би се спречило изронување на антагонистичкиот заб.
Што е мост?
Мост е протетски фиксен надоместок кој служи кога еден или повеќе заби недостасуваат. Може да бидат изработени од металкерамика или безметална керамика.
Кои се предностите на безметалната керамика во однос на металокерамиката?
Безметалната керамика има предност во сите естетски параметри. Не поседува црн метален раб кој после долг период на носење може да даде темна боја на краевите на гингивата. Основна индикација за нивна изработка се однесува исклучиво на предната регија.
Што е протеза?
Протеза е мобилен надоместок кој служи кога недостасува еден или повеќе заби. Во завнисност од бројот на преостанатите заби може да биде парцијална или тотална.