facebook3Перо Шварц бр.2, Куманово; 031/411-893, 071/248-812


protetika


parodontologija


estetska medicina


konzervativa

Протетика

bruecke1klein

 

Стоматолошка протетика е гранка на стоматологијата со која ги надоместуваме изгубените заби, естетски ги корегираме постоечките и ја подобруваме функцијата на забите. 

___________________________________________________________________________________________________________________

       

          Протетиката ја делиме на:

  • фиксна  протетика (коронки и мостови) и
  • мобилна протетика (парцијални и тотални протези)

 

Коронки

Коронка е фиксен надоместок кој се поставува на природните заби, а со која се надоместуваат многу оштетени и/или естетски неприфатливи заби. Забот кој се надоградува потребно е претходно да се избруси (прилагоди), како би можело на него да се постави коронка. Во нашата ординација Деби Дент нудиме коронки од најквалитетни материјали, кои покрај функциолана димензија се одликуваат и со високо естетско ниво, со што се уважуваат различните потреби и желби на сите пациенти. Кога коронките ќе се стават на забот, се формираат во саканиот облик и истовремено добиваме природна и убава насмевка со бели заби. Во зависност од материјалот од кој се изработуваат, или нивната база, постојат МЕТАЛНИ и БЕЗМЕТАЛНИ коронки.

krunice

Керамичката коронка на конструкција од МЕТАЛ спаѓа во класични материјали кои денес се помалку ги задоволуваат потребите и желбите на пациентите. Главни недостатоци на овие коронки е самиот метал како материјал со обзир дека металното јадро ја блокира природната транспарентност на забот, па со време е можна појава на "црн раб" поради можноста на повлекување на гингивата. 

Керамичката коронка на БЕЗМЕТАЛНА конструкција, на база од Циркон, претставува современ материјал кој се одликува со висока цврстина и биокомпатибилност, а во исто време пружа природен изглед на забите. Во желба да се има заби кои нималку или едвај се разликуваат од природните, пациентите во нашата ординација се повеќе ги бараат безметалните реставрации. Бидејќи конструкцијата е бела, невозможна е појава на "црн раб" поради можноста на повлекување на гингивата.


 

Мостови

most sredenЗабен мост е фиксен протетски надоместок со кој се надоместува еден или повеќе загубени заби, како што и самиот назив ни кажува, денталниот мост ја поврзува прекинатата забна низа во една целина и на тој начин се враќа потполната функционалност и естетика на забниот апарат. Вообичаен и наједноставен е мост со три заба, кога средниот заб е во воздух и е прицврстен на два заба со база од двете негови страни. Ако не се исполнат празнините помеѓу забите, се ризикува од причина што останатите заби ќе почнат да се поместуваат, а тоа е само чекор повеќе до губење на правилен загриз и развивање на парадентоза.


 

Протези

protezaКога на пациентот му недостасуваат повеќе заби, една од наједноставни терапии е забната протеза. Во денешно време со забна протеза може да се постигне не само функционалност, туку и убав и природен изглед.

Парцијална протеза се користи кога на пациентот недостасуваат помал број на заби и тие тогаш се вметнуваат помеѓу постоечките заби.

Тотална забна протеза надоместува недостаток на заби кај потполна беззабност. Се препорачува само како алтернативно економично решение за санирање на беззабна вилица. Базата е изработена од акрилат, а забите керамички или акрилни.